Дома Фудбал Валенсија доведе играчи од Манчестер Јунајтед и ПСЖ

Валенсија доведе играчи од Манчестер Јунајтед и ПСЖ

Во многуте шпекулации и најави на трансфери, Валенсија брзо реагираше и доведе два играчи. Двајцата играчи на „Местаља“ доаѓаат од ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Андреас Переира од „Олд Трафорд“ пристигнува на едногодишна позајмица во Валенсија, додека од Париз доаѓа Гонкало Гуедес, исто како позајмен играч.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Переира минатата сезона ја помина на позајмица во Гранада, ги одигра подготвителните натпревари за Јунајтед, но не успеа да се наметне во играта на Мурињо за новата сезона во Премиер лигата.

Гуедес кој стигна како големо засилување на „Паркот на принцовите“ минатата година стана вишок во ПСЖ по доаѓањето на Нејмар, па од Париз одлучија да го испратат на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед нема да им плати карти на запослените за финале, тоа ќе го направи Аморим

Кога клубот нема да го направи тоа по некои свои причини, тренерот ќе го направи! Рубен Ам…