Дома Фудбал Валверде за Гомеш: Беше храбар, но тоа не е ништо ново

Валверде за Гомеш: Беше храбар, но тоа не е ништо ново

Фудбалерите на Барселона утре вечер го пречекуваат Челзи во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Да потсетиме првиот натпревар заврши со резултат 1:1.

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона на конференцијата за новинари зборуваше за реваншот на „Ноу Камп“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мораме да бидеме внимателни, детали би можеле да го одлучат натпреварот, но сакаме да го покажеме вистинското лице. Игравме важни и напнати натпревари, а таков ќе биде и утрешниот“, изјави Валверде кој е свесен дека му 0:0 е поволен резултат, но најави дека Барса ќе игра онака како што знае – напаѓачки.

Потоа новинарот го запраша Валверде за Андре Гомеш кој во текот на вчерашниот ден призна дека е несреќен во Каталонија.

„Навистина, Гомеш беше храбар кога сето тоа јавно го призна. Но тоа не е ништо ново, сите сме поминале низ таква ситуација. Фудбалерите се соочуваат со вакви ситуации, но мораат да гледаат напред и да ги надминат проблемите“, истакна Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул имаше многу среќа – со гол од пенал го урна Барнли (Видео)

Ливерпул стигна до драматична победа над Барнли благодарение на Мохамед Салах, кој во 95-т…