Словенија вчера изненадувачки беше поразена од Полска во четвртфиналето на Евробаскетот, а по натпреварот својата „темна“ страна ја покажа Лука Дончиќ.
Словенците беа поразени со 87:90, меѓутоа во еден момент од натпреварот имаа и минус 23 пред крајот на првото полувреме. Во последните седум секунди од натпреварот кошаркарите на Словенија бараа прекршок над Клемен Препелиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најжесток во тие критики беше Дончиќ кој не беше на своето ниво. Натпреварот НБА ѕвездата го заврши со 14 поени, 11 скока и седум асистенција.
Навредите од Лука кон судиите беа жестоки, во еден момент изговори и „пи*ко една см*лива“. Однесување какво што секако не е дозволено за еден кошаркар со неговото реноме.
Видеото од таа ситуација можете да го погледнете – ТУКА.