Дома Фудбал Италија Важеше за најголем талент во Европа, денес е практично заборавен!

Важеше за најголем талент во Европа, денес е практично заборавен!

Пред две години Хаким Мастур важеше за најголемиот талент на стариот континент и за идна ѕвезда на светскиот фудбал.

Сидорф додека го тренираше Милан му даде шанса во првиот тим иако имаше само 16 години, а наредното лето „росонерите“ се одлучија да го испратат на позајмица.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Мастур замина на едногодишна позајмица во Малага, но таму не импресионираше и на крајот на сезоната се врати во Милан.

Оваа сезона Мастур е на позајмица во холандското првенство, во екипата на Цволе, но и таму не добива шанса и главно ја грее клупата за резерви.

Мастур воопшто не напредуваше во изминатите две години и практично е заборавен на европската сцена. Сепак, има само 18 години и доволно време да го покаже својот талент, кој е неспорен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар ќе се соочи со Струга во финалето на македонскиот Куп

Финалето на Купот на Македонија сезонава ќе понуди возбудлив дуел меѓу Вардар и Струга – д…