Дома Фудбал Италија Буфон: ПСЖ? Се ќе знаете за седум дена

Буфон: ПСЖ? Се ќе знаете за седум дена

Италијанските медиуми вчера објавија дека ПСЖ испратиле официјална понуда за услугите на Џиџи Буфон кој одлучи да го напушти Јувентус.

Буфон после 17 години одлучи да ја напушти Старата дама, но се чини дека се уште не сака да замине во пензија. Според пишувањата на италијанските медиуми на адресата на искусниот 40. годишен голман стигнала и првата понуда и тоа од ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно, ПСЖ му нуди договор на Буфон на две години и годишна плата од осум милиони евра. Буфон за италијанските медиуми изјави дека конечната одлука за продолжување на кариерата ќе ја донесе за седум дена.

„ПСЖ? Ми требаат седум дена да се смирам и да анализирам. Тоа не се едноставни избори. Кога имате 40 години не можете во моментот да донесете таква одлука. Ќе видиме што ќе испадне.“ – порача Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…