Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон предупреди дека неговиот тим никогаш не може да се чувствува како фаворит кога игра против Милан.
Двата тима вечерва ќе се сретнат во финалето на Купот на „Олимпико“, па според многумина Јувентус е голем фаворит против Милан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Многу рано научив дека никогаш не можеме да бидеме фаворити кога играме против Милан, уште од финалето во ЛШ во 2003 година. Изминатите години одигравме четири финалиња против „росонерите“ и два пати загубивме после пенали, а два пати кога победивме беше после пенали и продолженија. Тоа покажува дека нашите натпревари со Милан секогаш се израмнети кога играме финале“, изјави Буфон.
Буфон изминатите години никогаш не ги играше мечевите во Купот, а вечерва ќе биде во стартниот тим, што ќе биде негово прво финале во Купот на теренот после скоро 20 години.