Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон истакна дека не знае каква ќе биде судбината на својот помлад колега, Донарума, но му даде совет „да го слуша своето срце“.
Талентираниот голман на Милан одби да го продолжи договорот со „Росонерите“, но беше планирано до крајот на договорот, кој истекува во 2018. година, да остане во италијанскиот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Обично не давам совети, затоа што правам и грешки, а со тоа може да придонесам уште поголем хаос. Сепак, разговарав со Донарума неко 15 минути. Не можам да ви соопштам што ми рече. Не знам дали ќе остане во Милан, но само му кажав да го направи она што го прави среќен“, откри Буфон.
Неодамна, во трката за суперталентираниот 18-годишен голман се вклучи и Реал Мадрид, но Милан ја подобри понудата, што го доведе младиот Италијанец дополнително да размисли.