Кога тоа ќе го каже некој со таква кариера секако дека има голема тежина.
Стадионите, навивачите, атмосферата, сетоа тоа може да го натера домашниот тим да игра подобри, повеќе да ја посакува победата од противникот. Некои од стадионите се естетски убави, некои се опремени со најмодерната технологија, некои имаат бучни навивачи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон откри кои за него кога се ќе се собере се најдобрите стадиони во светот.
„Дефинитивно „Енфилд“ во Ливерпул, тој е еден од ретките, тука се уште Ренџерс во Глазгов и Фенербахче во Инстанбул.
Сегашниот голман на ПСЖ, а поранешен на Јувентус, Парма и италијанската репрезентација е човек со огромно искуство кој играл на најразлични стадиони. Некој кој 882 настапи во сите натпреварување, плус 182 за репрезентацијата.
Ќе потсетиме Вардар имаше можност да игра на стадионот на Фенербахче, „Шукру Шарачоглу“ минатата година во рамките од плеј-офот за Лигата на Европа. Вардарци не само што играа туку и славеа победа со резултат 1:2.
Додека, Работнички имаше прилика да ја почуствува атмосферата на култниот „Енфилд“ кога доби прилика да игра против големиот Ливерпул. Во тој натпревар „романтичарите“ беа поразени со 2:0.
Македонски клуб оваа година почуствува како е да се игра и на третиот стадион кој го наведе Буфон, а тоа оној на Ренџерс во Глазгов. Шкупи имаше прилика да гостува на славниот шкотски клуб.
?️Gigi Buffon Top 3 Stadiums:
'Definitely Anfield, in Liverpool, that was one of the few stadiums – along with Rangers in Glasgow and Fenerbahce in Istanbul'#LFC #RangersFC #Fenerbahce pic.twitter.com/Oj2chvkuQm
— William Hill (@WilliamHill) October 9, 2018