Тимот на Металург денеска потврди дека бразилскиот интернационалец Енрике Тешеира е нов член на клубот.
Меѓутоа, неколку часа подоцна пристигна демант од Букурешт каде настапува 31-годишниот Бразилец.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Разговарав со Тешеира и му ветив дека следната седмица ќе имаме средба по која ќе се донесе одлуката и ќе знаеме што ќе правиме во иднина. Тешеира се уште не потпишал со Металург и тој се уште е ракометар на ЧСМ Букурешт“, изјави Кристијан Стамате, член на управата на ЦСМ Букурешт.
Во овој период Металург работи со полна пареа, Тешеира требаше да биде четврто засилување. Пред него пристигнаа: Никола Потиќ, Момр Рниќ и Бранко Канкараш.