Бугарскиот боксер Кубрат Пулев кажа дека половина од неговиот хонорар од борбата за титулата за светски шампион во тешка категорија против Ентони Џошуа, ќе ја донира на здравствените работници, кои се борат против коронавирусот.
Мечот меѓу Џошуа и Пулев требаше да се одржи на 20 јуни во Лондон на стадионот на Тотенхем, но поради пандемијата тој е одложен на неодредено време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Половина од парите кои ќе ги заработам од борбата против Џошуа, ќе ги донирам на нашите неуморни јунаци, доктори, медицински сестри и болници, кои се борат против вирусот“, кажа Пулев.
Се очекува Бугаринот од борбата да добие околу пет милиони долари, што значи дека половина ќе даде како помош до здравството.