Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе се бори против Бугаринот Кубрат Пулев на 12. декември и таму ќе ја брани титулата светски шампион во тешка категории во верзиите ВБА, ИФБ и ВБО.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пулев на својата страница објави дека во декември ќе влезе во ринг со Џошуа и тоа беше дочекано со воодушевување од сите љубители на боречките спортови.
„Официјално е: Пулев против Џошуа на 12. декември во Лондон. Датумот и местото на одржување се конечни. Нема враќање, нема одложување, нема ново закажување. Подобриот нека победи“, стои на сајтот на бугарскиот боксер.
Не е наведено дали се планира да има публика бидејќи на сила се уште се мерките за заштита поради пандемијата.
Пулев во 2017. се повлече од борба против Џошуа поради повреда на рамото, но после три години конечно ја доби таа прилика.