Новиот прволигаш тимот на Брегалница вчера во последните минути испушти победа против тимот на Графичар од Србија.
Во пријателскиот натпревар одигран на Златибор штипнскиот тим ремизираше 2:2. Tреба да се спомене дека Графичар од клупата го предводи Бошко Ѓуровски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Резултатот беше отворен во 37. минута кога Мартин Стојанов одлично шутираше од околу 20 метри.
Преостанатите три гола „паднаа“ во последните десетина минути. Прво Графичар изедначи во 81. минута, а потоа Јован Манев донесе ново водство за штипјани. Сепак во 88. минута српскиот тим дојде до 2:2.
Следниот натпревар Брегалница ќе го одигра на 17. јули против тимот на Искра Даниловград.