Дома Фудбал Италија Брахим Дијаз: Имав многу понуди, но Милан е Милан

Брахим Дијаз: Имав многу понуди, но Милан е Милан

Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.

Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.

„Вистина е дека имав многу понуди, но Милан е голем клуб и не размислував многу. Веднаш кога добив повик од Малдини ја прифатив понудата и среќен сум што го носам овој славен дрес. Ибра е голем играч, но и човек, веднаш кога дојдов ме прифати и ми дава совети“, изјави Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со нова тактика поради проблеми со повреди

Масимилијано Алегри размислува за промена на формацијата поради бројните повреди во тимот …