Дома Фудбал Репрезентации Бразил победи, Нејмар со хет-трик го помина Роналдо и е се поблиску до Пеле

Бразил победи, Нејмар со хет-трик го помина Роналдо и е се поблиску до Пеле

Бразил во 2. коло од квалификациите за Светското првенство во Лима го совлада Перу со 4:2.

Домашната селекција подобро го отвори натпреварот. Со голот на Кариљо поведе после пет минути игра, но Бразил успеа да изедначи во 28. минута со голот на Нејмар од пенал. Со овој резултат се замина на полувреме, а во 59.минута „Кариоките“ повторно беа во негатива, овој пат погоди Тапија.

Сепак, само пет минути подоцна Ричарлисон погодува за 2:2. До крајот на натпреварот Нејмар од пенал во 83. минута и голот во судиското продолжение ги постави конечните 2:4.

Нејмар со овој хет-трик дојде до 64. гол во репрезентацијата, го помина Роналдо (62) и пред него е само Пеле кој има 13 гола повеќе и Нејмар е на добар пат да стане најдобар стрелец на Бразил на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…