Дома Фудбал Репрезентации Бразилците имаат неверојатна низа: Ако се сметаат пријателските натпревари би – доминирале!

Бразилците имаат неверојатна низа: Ако се сметаат пријателските натпревари би – доминирале!

Фудбалската репрезентација на Бразил вчера во Лондон го совлада Уругвај со 1:0 и така ја продолжи неверојатната низа во пријателските натпревари.

За Бразилците вистинска штета е што пријателските натпревари не се сметаат и не се официјални, бидејќи доколку е така Нејмар и друштвото сигурно би добиле некакво признание за подвигот кој го направија во 2018 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Бразил одигра девет пријателски натпревари и во сите девет запиша победи. Но, освен што победија на сите натпревари тие забележаа и импресивна гол разлика од – 20:0!

И не е дека Бразилците избираа само послаби противници во овие девет играа против: Русија (3:0), Германија (1:0), Хрватска (2:0), Австрија (3:0), САД (2:0), Салвадор (5:0),
Саудиска Арабија (2:0), Аргентина (1:0) и Уругвај (1:0).

Сепак, ова е слаба утеха за разочарувањето кое го доживеаа на Светското првенство во Русија каде што беа елиминирани во четвртфиналето иако од почетокот важеа за едни од главните фаворити.

https://www.youtube.com/watch?v=wOpsKFgYUWc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Луис Дијаз ги разлути навивачите на Ливерпул

Додека речиси целиот состав на Ливерпул беше на погребот на Диого Жота, имаше неколку фудб…