Фудбалскиот клуб Црвена звезда одлучи до крајот на сезоната екипата да ја води Бошко Ѓуровски, а на клупата на црвено-белите тој ќе го замени Миодраг Божовиќ, кој поднесе оставка.
Ѓуровски денеска ќе биде промовиран и ќе го одработи првиот тренинг со тимот, а прв меч ќе му биде реваншот од полуфиналето на Купот со Чукарички.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова ќе биде вторпат легендата на Црвена звезда да го предводи клубот. Ѓуровски во 2007 година го наследи Душан Бајевиќ и таа пролет со црвено-белите ја освои двојната круна.
Ѓуровски за првиот тим на Црвена звезда играше од 1980 до 1989 година, одигра 509 натпревари и постигна 103 гола.