Дома Трансфер зона Борусија од Баерн го враќа стоперот кој си замина во 2016 година!

Борусија од Баерн го враќа стоперот кој си замина во 2016 година!

Германски „Скај Спорт“ пренесува дека Борусија Дортмунд е многу блиску до купување на Матс Хумелс.

Преговорите се веќе во напредна фаза и наскоро се очекува 30 годишниот стопер да се врати во Дортмунд. Како што пренесуваат Германците трансферот би требало да изнесува околу 30 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хумелс во 2016 година пристигна во Баерн токму од редовите на Борусија. За Баерн од тој момент до денес собра 118 настапи, но минатата сезона под водство на Ковач скоро и да не играше.

Ковач без проблем се согласил да го продаде Хумелс за сума од 30 млиони евра затоа што не го гледа како некој кој би бил стандарден во наредната сезона.

Хумелс и тоа како добро ќе и дојде на Борусија затоа што на „милионерите“ им недостасува искуство во последната линија, а се добива впечаток дека токму таков играч им недостастуваше за да стигнат до титулата во Бундес лигата. Борусија во еден момент имаше наизглед сигурна предност, но следуваше период во кој лесно примаа голови, а Баерн тоа знаеше како да го искористи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …