Голманот на Вардар, Борко Ристовски денес доби суспензија од четири години од Македонскиот Олимписки Комитет поради навреди кон првиот човек Даниел Димевски.
МОК го казни Ристовски со четиригодишна суспензиај откако во март бил пријавен од Димевски дека во телевизиска емисија ширел лаги и невистини.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На ова Борко веднаш жестоко реагираше со соопштение преку социјалните мрежи.
„Во северна вукојебина се е можно. Ама не со Мене! Допрва ќе плачете криминалци“, напиша Ристовски.
Се очекува Борко во наредните денови на пресконференција да ја објасни својата страна и секако најави жалба.
