Дома Македонски спорт Борко: Ако Шпанија не потцени, можеме да ги изненадиме

Борко: Ако Шпанија не потцени, можеме да ги изненадиме

После вчерашниот пораз од Хрватска, Македонија денес е слободна, а веќе утре не очекува натпревар против Шпанија.

Шпанија е фаворит против нас и нема никакви дилеми, тие се актуелен европски шампион. Нашиот селектор Раул Гонзалез порача дека против Шпанците имаме шанса само ако одиграме без грешка.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од друга страна пак, Борко Ристовски шансата ја гледа во тоа што „Фуријата“ би можела да не потцени.

„Шпанија е европски шампион и тоа не смееме да го заборавиме, но ако тие не потценат и тоа како можеме да ги изненадиме. Останува да видиме како резултатски ќе се одвива натпреварот, ако рано ги загубиме шансите можеби подобро ќе биде да се чуваме за Исланд“, изјави Борко.

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра утре во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…