Дома Фудбал Италија Бонучи за свирежите кон Донарума: Тие луѓе се без мозок

Бонучи за свирежите кон Донарума: Тие луѓе се без мозок

Репрезентацијата на Италија се подготвува за дербито против Англија во Лигата на нации, кое вечерва се игра во Милано.

Навивачите на Милан имаат „проблем“ со Донарума по неговиот слободен трансфер во ПСЖ и се очекува дека голманот ќе биде исвиркан на „Сан Сиро“.

Бонучи брутално ги навреди навивачите и изјави дека тие кои ќе го исвиркаат Донарума се без мозок.

„Кој и да исвиркува играч на италијанската репрезентација за мене е човек без мозок, во тој момент играчот ја претставува целата нација. Донарума не беше првиот што беше исвиркан и нема да биде последен. Мораме да пораснеме од културна гледна точка“, истакна Бонучи.

Последниот пат кога Италија играше на Сан Сиро, Донарума доби големи свирежи од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…