Дома Актуелно Бомба од Шпанија: Икарди на медицински прегледи во Мадрид!?

Бомба од Шпанија: Икарди на медицински прегледи во Мадрид!?

Шпанските медиуми денеска јавуваат дека Реал Мадрид се договориле со Интер, според кој Икарди ќе го засили Кралскиот клуб во јануари.

Diario Gol објави вест која ги шокираше Апенините, но и навивачите на Реал Мадрид. Овој шпански весник тврди дека Мауро Икарди денеска допатувал во Мадрид и дека во текот на денот ќе направи медицински прегледи во Реал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Икарди во договорот со Интер има откупна клазула од 110. милиони евра, а наводно Кралевите одлучиле да ја активираат. Изворот пренесува дека Икарди утре би требало да го потпише договорот со Реал по што ќе биде и официјално представен.

Аргентинскиот напаѓач во досегашниот дел од сезоната во Интер одигра 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна 18 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Семењо вчера белскаше, а Пеп е бесен на судиите: Потсети на ВАР ситуација во која Сити не добил пенал

Фудбалерите на Манчестер Сити го отворија патот кон финалето на Лига Купот на Англија, отк…