Дома Останати Авто Мото „Бомба“ од Формула 1: Хамилтон потпишува за Ферари?!

„Бомба“ од Формула 1: Хамилтон потпишува за Ферари?!

Сензационална вест ни пристигнува од Формула 1 – Луис Хамилтон може да потпише за Ферари!

Наводно италијанскиот тим е на добар пат во наредните денови да потпише договор со 39-годишниот седумкратен шампион во Формула 1. Според информациите, Британецот преговарал директно со претседателот Џон Елкан и ако се биде во најдобар ред догорот би требало да биде потпишан во наредните неколку дена.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хамилтон би се преселил во Ферари во 2025 година, иако има договор со Мерцедес до крајот на таа година.

Ако пристигне во Ферари, Хамилтон би дошол на местото на Карлос Саинц и ќе биде партнер со Шарл Леклер кој претходната недела го продолжи договорот.

Во исто време и новинарот Вил Бакстон на својот Твитер профил најави нешто големо.

„Слушам големи вести, би требало да пристигнат до крајот на неделата. Ако е тоа она што го мислам ќе биде огромно“.

Останува да се види дали трансферот на Хамилтон во Ферари ќе стане реалност или пак ќе се покаже дека станува збор за уште една италијанска шпекулација. Минатата година пред Британецот да потпише нов договор со Мерцедес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Милан го купува голгетерот на Леверкузен

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс е голема желба на италијанскиот гигант Милан…