Дома Фудбал Италија Бомба од Апенините: Реал Мадрид испрати понуда за Дибала, Јуве експресно одговори

Бомба од Апенините: Реал Мадрид испрати понуда за Дибала, Јуве експресно одговори

Реал Мадрид со сигурност во финишот на летниот преоден рок ќе се обиде да донесе барем уште едно засилување, а навивачите на овој клуб веќе со недели ја чекаат замената за Кристијано Роналдо.

Кралскиот клуб се уште ова лето не донесе звучно засилување. што не е типично за нив, посебно кога се знае дека останаа без Роналдо. Навивачите се сигурни дека Перез до самиот крај ќе се обиде да донесе големо име на Сантијаго Бернабеу.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првата желба му беше Еден Азар, но Челси одби да го продаде овој играч, а според пишувањата на шпанските медиуми Реал сега е заинтересиран за Дибала. Марка синоќа објави дека Кралскиот клуб на адресата на Јувентус испратил понуда вредна 180 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Сепак, од Јувентус веднаш му порачале на Перез дека Дибала не е на продажба и подобро да се посвети на некои други играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта повторно триумфираше на изборите: Никој нема да нè запре!

Жоан Лапорта четврти пат стана претседател на Барселона и на таа функција ќе биде до 2031 …