Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Лион му го нуди Депај на Милан во замена за…

„Бомба“ од Апенините: Лион му го нуди Депај на Милан во замена за…

Мемфис Депај е на излезна врата од Лион и веќе подолго време се поврзува со трансфер во Барселона.

Холанѓанецот влезе во последната година од договорот и Лион сигурно ќе го продаде ова лето, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Барселона се уште не испратила понуда за Депај и во моментов не е спремна да ја плати споменатата сума.

Лион е силно заинтерсиран за Лукас Пакета од Милан, а еминентниот новинат Ди Марцио тврди дека двата клуба работат на трампа.

Имено, Лион му го понудил Депај на „росонерите“ во замена за Пакета, трампа која ќе биде добра за двата клуба.

Самиот Депај нема ништо против да се пресели на „Сан Сиро“, но ќе чека Барселона да реагира и да испрати понуда до крајот на следната недела, бидејќи преферира преселба на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…