Дома Фудбал Англија „БОМБА“ во турските медиуми: Актуелниот лидер се засилува на „Олд Трафорд“

„БОМБА“ во турските медиуми: Актуелниот лидер се засилува на „Олд Трафорд“

Како што пренесуваат медиумите во Турција, екипата која на клупата е предводена од Фатих Терим следното лето би требало да се засили со белгискиот репрезентативец од редовите на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.

Корпулентниот играч за врска има уште неколку месеци договор со тимот на „Црвените ѓаволи“, често се зборуваше дека во текот на јануари би можел да ја промени средината, но постоеа и гласини дека може да ја продолжи соработката со тимот од „Олд Трафорд“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Сепак, како што пренесуваат турските медиуми тој одлучи да го напушти Јунајтед, а кариерата да ја продолжи во редовите на актуелниот лидер во турскиот шампион, екипата на Галатасарај.

Фелаини како што се наведува постигна договор со екипата од Истанбул, ќе го парафризира договорот на четири години со опција соработката да ја продолжи на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слот стави точка на ситуацијата со Салах!

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја заврши полемиката поврзана со Мохамед Салах, која ови…