Кошаркарите на Аталната Хокс стигнаа до водство во финалето на Источнатак онференција со 1:0 откако славеа против Милвоки со 116:113.
Оваа победа на Атланта е посебно значајна ако се знае дека е остварена на гостински терен. Хокси беа предводени од неверојатниот Трае Јанг. Јанг уфрли дури 48 поени и додаде уште седум скокови и 11 асистенции, така беше убедливо најдобар во својот тим. Покрај Јанг Колинс беше солиден со 23 поени и 15 скокови, додека Хертер додаде 13, а Капел 12 поени и 19 скокови.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во редовите на поразениот тим Јанис Антетокмупо уфрли 34 поени и подели уште девет асистенции со 12 скока, го следеше Холидеј со дабл-дабл од 33 поени и 10 асистенции.
Бакси подобро влегоа во мечот и ја добија прватач етвртина со 28:25 за на одмор да имаат плус пет 59:54. Водеа добар дел од третата четвртина за потоа да го преземат водството. Во последните 12 минути екипите го менуваа водството, на крајот се радуваа кошаркарите на Атланта.
Наредниот натпревар овие две екипи го играат измеѓу сабота и недела и повторно Милвоки ќе биде домаќин, потоа серијата се сели кај Атланта.