Дома Македонски спорт Мак ракомет Битолчани не го заборавија Украинецот кој бранеше за РК Пелистер

Битолчани не го заборавија Украинецот кој бранеше за РК Пелистер


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Војната во Украина погоди голем број спортисти, а еден од нив е украинскиот голман Виктор Горбах кој во минатото помина две сезони на голот на РК Пелистер, а претходно беше дел и од Младост.

Горбах во Пелистер пристигна во 2001 година и соработуваше со Зоран Атанасовски кој денес е во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2 како кондициски тренер, истата функција ја имаше и во Пелистер при соработката со Украинецот.

Атанасовски и по заминувањето на Горбах остана во близок однос со Горбах кој неколку пати и ја посетуваше Битола со неговата сопруга со цел да се види со старите пријатели. Во овие тешки моменти Горбах добил покана од Атанасовски и Миле Крстевски, кој е поранешен член на управата на РК Пелистер да биде нивни гостин додека трае војната.

Сепак желбата на Горбах да ја брани татковината била поголема и останал во Киев.

“Виктор остави многу добар впечаток кај нас во Битола и Пелистер, не можевме да не се обидеме да не му помогнеме на таков човек“, изјави Крстевски за нашиот портал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Mozzart главен покровител на изборот на ракометниот ALL-STAR тим во Македонија за сезоната 2022/2023

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ По завршувањето на …