Велс синоќа обезбеди пласман на Европското првенство, а Герет Бејл тоа го прослави на скандалозен начин и уште еднаш ги налути навивачите на Реал Мадрид.
Бејл иако долго време не играше за Реал поради повреда, сепак „магично“ се опорави и одигра одличен натпревар за Велс, како и многу пати до сега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, после мечот успехот го славеше со транспарент „Велс, голф, Мадрид, по тој редослед“, со што јасно покажа дека Реал му е на последно место.
Неодамна легендарниот играч на Реал, Мијатовиќ изјави дека Бејл не е доволно посветен на „кралевите“ и дека секогаш на прво место му е Велс, потоа играњето голф, па дури на крајот Реал.
Таа изјава стана вирална и навивачите направија транспарент, а после мечот Бејл гордо позораше со него и додатни ги налути навивачите на својот клуб.
Шпанските медиуми веќе почнаа да го критикуваат Бејл и начинот на кој го „исмева“ Реал Мадрид.