Герет Бејл изјави дека клубовите во одредени ситуации кон своите играчи се однесуваат како роботи и дека многу играчи губат контрола над својот живот во обидот да направат што подобра кариера.
Играчот на Реал Мадрид освои четири титули во Лигата на шампионите како и многу други трофеи и одредени награди, а за да дојде тоа како што кажува самиот многу жртвувал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бејл себе си и останатите професионални играчи ги опиша како роботи.
„Ние сме како роботи. Ни се кажува каде да одиме, кога да одиме таму, во кое време да јадеме, кога мораме да одиме на терен…На некој начин го губиме животот“, изјави Бејл и продолжи:
„Од друга страна мислам дека кариерата во фудбалот понекогаш е толку кратка и дека понекогаш морате да жртвувате некои работи“.
Бејл и призна дека не ја чуствува истата радост како што тоа било случај кога играл фудбал како дете.
„Кога си дете не размислуваш премногу, можеш да уживаш со пријателите и да се смееш. Кога ќе дојдеш на највисоко ниво, постојат разни притисоци, постојат очекувања, луѓето секогаш зборуваат негативно иго губите чуството кое сте го имале додека сте биле дете“, заклучи Бејл.
Бејл многу се мачеше оваа сезона во Реал, а во последните три натпревари воопшто не играше и Зидан јасно порача после натпреварот со Бетис дека не смета на него за наредната сезона.