Дома Топ вести Бејл во Јувентус? Не е невозможно – тврди неговиот агент!

Бејл во Јувентус? Не е невозможно – тврди неговиот агент!

Агентот на Герет Бејл со последната изјава можеби најави спектакуларен трансфер.

Џонатан Барнет кој покрај тоа што е агент на Бејл се грижи и за кариерата на Војчех Шчесни порача дека не е невозможно Бејл да заигра за Јувентус.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Војчех го сакаа голем број клубови, но Јувентус му вети дека тој ќе го наследи Буфон и клубот го исполни тоа ветување и сега не сака да размислува за било какви понуди“.

„Кога во прашање е Бејл не е невозможно да дојде во Јувентус. Не му е лошо во Реал, но во фудбалот се е можно“, изјави Барнет.

Потоа тој можниот трансфер на Бејл го поврза и со минатогодишниот на Роналдо.

„Тоа што Роналдо дојде во Серија А, значи дека секој играч може да размислува за трансфер во Серија А“, заврши англискиот менаџер.

https://www.youtube.com/watch?v=BYhXPNKwqZU&t=2s

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…