Дома Топ вести Беше на чекор до Интер, сега се договори со Милан!

Беше на чекор до Интер, сега се договори со Милан!

Медиумите пред неколку месеци пренесоа дека левиот бек на Волфсбург Рикардо Родригез од следната сезона ќе игра за Интер, но сега настана неочекуван пресврт во ситуацијата.

Имено, денес готово сите италијански медиуми потврдија дека Родригез се договорил со Милан, откако вчера неговиот агент имаше двочасовна средба со раководството на „росонерите“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Родригез во договорот со Волфсбург има откупна клаузула која изнесува 22 милиони евра, па сега Милан ќе се обиде да постигне договор со германскиот клуб.

Медиумите тврдат дека Интер ќе се насочи кон други цели и дека Родригез во моментов е пред трансфер на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…