Николо Заниоло иако има само 23 години за кратко успеа од миленик да стане непријател со фановите на Рома.
Заниоло отворено побара да си заиме од клубот, но кога „волчицата“ се договори со англиски Бормут тој ја одби понудата затоа што тоа не бил клуб од рангот во каков што сакал да игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите се бесни на Заниоло затоа што тој цели две сезони пропушти поради повреди, а до тогаш не играше и клубот му исплаќаше плати без тој да има никаков ефект во играта. Сега кога е спремен да игра бара да си замине и прави проблеми.
Ваквата ситуација ги налути навивачите кои се собраа и пред неговата куќа. Повеќе ултраси пред домот во кој живее фудбалерот го нарекувале „Го*но“ и му испраќале пораки дека не е пожелен.
Ситуацијата не поминала за кратко па Заниоло се одлучил да повика полиција која ги избркала гневните фанови.
Дали ќе замине до крајот на преодниот рок кој завршува утре не е познато, но како и да е веројано повеќе за Рома нема да заигра.