Дома Трансфер зона Бернардо Силва ќе биде трансферот на летото, но не во Барса?!

Бернардо Силва ќе биде трансферот на летото, но не во Барса?!

Пари Сен Жермен според последните информации тргнува по потписот на Бернардо Силва.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е сериозно заинтересиран да го „украде“ Силва од пред носот на Барселона и да го доведе во ПСЖ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Португалецот сериозно ја разгледува опцијата да го напушти Манчестер Сити после пет години, неговата желба е Барселона, но не е исклучена можноста ПСЖ сериозно да се вмеша и да го убеди да се врати во Лига 1.

Во Франција Силва го предводеше Монако до историската титула во сезоната 2016/2017 заедно со Фалкао, Мбапе и Фабињо, па така нема да му треба многу да се прилагоди.

Неговата цена ќе биде помеѓу 80 и 85 милиони евра што нема да биде проблем за ПСЖ, додека во Барселона прво би требало да го продадат Де Јонг.

Силва може да игра не неколку позиции и во скоро сите формации, па така не е изненадување што е желба на Чави и Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…