Дома Фудбал Италија Берлускони згрме на судиите: Удинезе играше со 12 играчи!

Берлускони згрме на судиите: Удинезе играше со 12 играчи!

Во вчерашниот натпревар во Серија А од третото коло екипата на Монца претрпе нов пораз во натпреварот против Удинезе на нашиот Илија Несторовски кој запиша асистенција за победничкиот гол (1:2).

По овој натпревар првиот човек на Монца, Силвио Берлускони ги критикуваше судиите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Несреќно го загубивме натпреварот, освен тоа противникот играше со 12 играчи. Судиите беа на нивна страна и тоа е скандал. Голот за победа мораше да им биде поништен затоа што имаше офсајд, а во текот на мечот постојано судијата Ди Бело беше против нас“.

Монца така сезоната ја започна со три порази во три натпревари, но Берлускони се надева на подобри резултати.

„Лошо е кога е ќе започнете со три порази едноподруго. Некои фудбалери не се во форма и мораат под итно да бидат подобро, чувствувам и дека не се почитува тактиката“, изјави Берлускони.

На полувремето од натпреварот Берлускони се симнал и во соблекувалната.

„На полувремето бев во соблекувалната и на играчите им кажав дека мораме да победиме. Им објаснив на дефанзивците дека мораат да се залепат до напаѓачите на Удинезе, но тие не го направија тоа“, истакна Берлускони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…