Бугарскиот фудбалски сојуз денеска го прифати отстапувањето на Борислав Михаилов од функцијата на претседател на сојузот. Ова се случи на вонреден конгрес на собранието на сојузот, каде што на предлог на поранешниот претседател гласањето беше јавно.
Резултатот од гласањето покажа дека 303 делегати гласаа “ЗА” прифаќањето на оставката на Михаилов, додека само 12 делегати беа “ПРОТИВ”. Исто така, делегатите прифатија и оставките на членовите на Извршниот комитет на сојузот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се очекува прославениот фудбалер и поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Димитар Бербатов, ќе седне на престолот на бугарскиот фудбал. Бербатов веќе подолго време се бори за промени во бугарскиот фудбал и изгледа дека конечно ќе добие шанса да ги спроведе своите замисли.
Важно е да се спомене дека Бугарија не учествуваше на големите фудбалски натпреварувања од Мундијалот во 1998 година во Франција, што е еден од предизвиците пред новиот руководство на сојузот.