Доменико Берарди игра уште една фантастична сезона во дресот на Сасуоло и се наоѓа во животна форма.




„Тутоспорт“ пренесува дека на лето конечно би можел да направи голем трансфер, бидејќи силен интерес за него покажува Милан.




Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.




Берарди игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 12 гола и 11 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Сасуоло е спремен да го пушти на лето за неговата слобода бара помеѓу 30 и 35 милиони евра.