Дома Фудбал Италија Беневенто сега е во Серија Б, но и понатаму прави работи за кои се зборува (видео)

Беневенто сега е во Серија Б, но и понатаму прави работи за кои се зборува (видео)

Tимот на Беневенто минатата сезона беше вистински хит не само в Серија А туку и во останатите европски лиги бидејќи од поодамна не се појавил толку мал клуб кој собрал толку многу симпатии.

Рекордна низа на порази, десетина натпревари изгубени во судиското продолжение, гол на нивниот голман против Милан за 2:2 во последните секунди…Сето тоа се работи по кои ќе го паметиме овој клуб кој од оваа сезона повторно е второлигаш.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вчера Беневенто го играше својот прв натпревар од Серија Б, противник им беше Лече кој до 70 минута имаше предност од 3:0. Меѓутоа Беневенто не се предаваше, прво Волта погоди за 1:3, за во 81 минути Ричи да го доведе својот тим на само еден гол заостанување.

Се играше 87 минута кога беше досуден пенал за Беневенто, а сигурен реализатор за 3:3 беше Кода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…