Репрезентативецот на Италија, Андреа Белоти изгледа и ова лето нема да ја промени средината.
Како и во неколку претходно и ова лето помеѓу клубовите владееше голем интерес за популарниот „петел“, но тој најверојатно ќе остане во Торино.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Актуелниот договор на Белоти има важност до крајот на новата сезона, па Торино мораше да му понуди нов со подобрени услови или да го продаде за да не го изгуби бесплатно наредното лето.
Според информациите на италијанските медиуми Белоти со новиот договор ќе доби покачување на 3.3 милиони евра. Белоти сака да има откупна клазула во висинина помеѓу 20 и 25 милиони евра, додека Торино сака таа да изнесува 40.
Ќе потсетиме во актуелниот договор Белоти има клазула од 100 милиони евра и таа важи само за клубовите надвор од Италија.