Белгискиот фудбалер Амаду Онана направи голем трансфер, откако за огромна сума се пресели од Евертон во Астон Вила, што го потврди и тимот од Бирмингем кој има огромни амбиции за следната сезона во најсилното натпреварување во Англија.
Имено, Астон Вила за трансферот на овој фудбалер плати 50 милиони фунти, што е околу 59 милиони евра, додека Евертон може да добие и одредени бонуси преку овој трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Онана потпиша договор со челниците на Астон Вила до јуни 2029 година.
Новиот играч за врска на клубот од Бирмингем во претходните две сезони одигра 72 натпревари за Евертон и постигна четири гола. Пред Евертон играше за Лил и Хамбургер.