Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Како Имобиле експресно ја изгуби болката по голот на Барела? 🎥

Како Имобиле експресно ја изгуби болката по голот на Барела? 🎥

Италијанците од секогаш биле познати по тоа што симулираат и задржуваат време за да дојдат до победа.

Италија игра одлично Европско и генералниот впечаток е дека избраниците на Манчини покажаа најмногу во досегашниот дел до првенството.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Аѕурите својот најдобар натпревар го одиграа против најсилниот противник. Со 2:1 беа подобри од Белгија со одлична игра на сите делови од теренот.

Меѓутоа, Италијанците не би биле Италијанци ако не го покажаа она по кое се препознатливи. Овој пат главен актер беше Чиро Имобиле.

Имено, пред водечкиот погодок Имобиле падна во казнетиот простор како покосен, лежеше на теренот некое време, а со тоа го сврте вниманието на играчите на белгискиот тим, кои му велеа да стане.

И додека тоа се случуваше, деконцентрацијата во одбраната на Белгија ја искористи Барела кој дојде до топката и со прецизен и силен удар го матираше Куртоа.

Нормално, Имобиле брзо стана и го прослави голот со остатокот од екипата како да не му се случило ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Фиорентина го избрка Пиоли откако падна на дното

Од Фиорентина официјално се разделија со својот тренер Стефано Пиоли поради разочарувачкио…