Дома Македонски спорт Мак фудбал Без голови на дербито во Маџари: Вардар остана пред Гостивар

Без голови на дербито во Маџари: Вардар остана пред Гостивар

Вардар и Гостивар во денешното дерби од Втората лига одиграа реми без голови 0:0.

Oва беше натпревар кој привлекуваше големо внимание затоа што беше директен дуел помеѓуе екипите кои се на втората и третата позиција, пред натпревари делеше само еден бод разлика. Вардар имаше 55, Гостивар 54, Воска е лидер со 56.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По ова реми на двата конкуренти, Воска со победа во утрешниот натпревар ќе има прилика да ја зголеми разликата.

Фантастична беше атмосферата во Маџари, преполни беа трибините на стадионот „Борис Трајковски“, а дел од навивачите и не успеаа да дојдат до место на стадионот. Па се снаоѓаа од различни позиции.

На теренот гледавме голема борба, а Гостивар си направи проблеми откако во 34-тата минута остана со играч помалку, директен црвен картон заработи Стојчевски. Гостивар и со играч помалку беше конкурентен во второто полувреме, гледавме шанси и на двете страни.

Место во најдобрата конкуренција во македонскиот фудбал обезбедуваат двете првопласирани екипи, додека третиот ќе игра бараж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…