Со години трае расправата за тоа кој е подобар фудбалер од двајцата Аргентинци – Лионел Меси или Диего Марадона. На таа тема сега зборуваше легендарниот Габриел Батистута.
Големиот Батистута тврди дека Марадона е подобар, објасни и зошто.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Марадона беше подобар во многу работи. Технички Меси можеби е подобар, можеби нема разлика. Меѓутоа кога карактерот е во прашање и влијанието на играта Марадона можеше многу повеќе од Меси. Присуството на Марадона на теренот значеше повеќе. За мене Лео денес е најдобар во светот, но Марадона во историјата“, објасни Батистута.
Се потсети и на ситуација од Светското првенство во 1994 година.
„Против Грција Марадона беше пред мене, ја претставуваше Аргентина како капитен. Тоа беше сон. Таму постигнав три гола, но не се сеќавам. На се што се сеќавам е Диего. Според мене тој е најдобар“, смета легендарниот напаѓач.