Дома Фудбал Останато Бате Борисов после 13 години изгледа нема да биде шампион на Белорусија

Бате Борисов после 13 години изгледа нема да биде шампион на Белорусија

Изгледа ќе видиме прекинување на една од најдолгите низи во европскиот фудбал.

Бате Борисов после 13 години може да не биде шампион на Белорусија! Тимот кој многу веројатно ќе го симне Бате од тронот е Динамо Брест.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, на четири кола пред крајот Динамо Брест има четири бода повеќе од Бате Борисов, но и натпревар помалку што значи дека разликата може да се зголеми и на седум бода.

Оваа сезона Бате Борисов имаше прилика да се изедначи со Линколн од Гибралтар кој 14 пати во низа беше шампион на својата земја потоа следат: Сконто од Латвија (14 години), Розенборг (13) години), Динамо Загреб (11)…

Денес Бате одигра 1:1 против Гомел на свој терен, додека Динамо Брест успеа да слави со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Станковиќ збесна: Се расправаше со новинар на три јазици, па му порача – ти си смрдеж! (Видео)

Поранешниот тренер на московски Спартак, Дејан Станковиќ, стана тема на денот на социјални…