Дома Трансфер зона Барса тргнува по еден од најдобрите играчи од Премиер лигата!

Барса тргнува по еден од најдобрите играчи од Премиер лигата!

Ријад Марез минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, имаше многу понуди, но на крајот остана во Лестер каде не блеска оваа сезона.

Сепак, јасно е дека „лисиците“ нема да можат да го задржат Алжирецот ова лето, па големите клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Познато е дека Јирген Клоп сака да го види Марез на „Енфилд“, а одредени медиуми тврдат дека тој е главната трансфер на Ливерпул за следната сезона.

Арсенал и минатото лето беше силно заинтересиран за Марез, а сега ќе направи се за да го донесе, особено поради фактот што во него гледа идеална замена за Алексис Санчез.

Меѓутоа, според пишувањата на каталонски „Спорт“, Ријад Марез е на мета на Барселона, а самиот фудбалер преферира преселба на „Камп Ноу“.

„Спорт“ наведува дека раководството на Барса веќе остварило контакт со фудбалерот, а Лестер ќе биде спремен да го пушти на лето за сума од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Елмас желба на Мурињо: Португалецот ќе го враќа „дијамантот“ во Фенербахче?

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас би можел да биде еден фудбалерите кои ќе привлекуваат вни…