Дома Фудбал Останато „Барселона сега повеќе од било кога зависи од Меси“

„Барселона сега повеќе од било кога зависи од Меси“

Цезар Луис Меноти поранешниот аргентински селектор и во овој момент спортски директор во Аргентинскиот фудбалски сојуз зборуваше за Лионел Меси и притисокот на кој е изложен од недела во недела.

Меноти смета дека Меси е под голем притисок затоа што во главно се зависи од него, а посебно тоа се однесува на Барселона. Сега кога каталонскиот клуб влезе во мала криза се очекува Меси да покаже зошто е најголем.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Меси се одржува со желба бидејќи Меси мора да има желба и понатуму да биде Меси бидејќи понекогаш се случува да се умори од Меси и се случува истото: Кога ќе постигне четири гола тоа е нормално, а кога нема да даде гол тогаш е проблем. Значи, храбар е. Мораш да бидеш Меси! Од друга страна во репрезентацијата е поинаку бидејќи не игра секоја недела“.

„Барселона поминува низ голема криза. Повеќе од било кога зависи од Меси. Оваа Барса нема тим. Многу е тешко да се заменат Чави и Иниеста, а исто така и Гвардиола кој е одговорен за создавање на добри играчи. Не е едноставно“, смета Меноти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсм…