Барселона вчера објави дека и официјално е продолжен договорот со најталентираниот фудбалер во Ла Масија, Морибa Коурома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за 16 годишен фудбалер кој игра на позицијата централен играч за врска, а во овој момент е член на тимот на Барселона до 19 години.
Дека го продолжил договорот со тимот до 2022 година баш и не е некој вест со оглед дека има само 16 години, но секако интересен е фактот што каталонскиот гигант во новиот договор на овој фудбалер вгради откупна клазула во износ од огромни 100 милиони евра.

Ова е само доказ колку во Барселона го ценат овој играч и колкави се нивните очекувања од Мориба кој е познат како Лаикс. Една од причните што го осигураа со ваква клазула е интересот кој го покажаа Манчестер Сити, Јувентус и Челзи.
Морибa е роден во Гвинеја 2003 година, но има и шпански пасош, па многу е веројатно во иднина да го гледаме во дресот на „Црвената Фурија“, секако ако ги исполни очекувањата кои ги има фудбалската јавност.
Taлентираниот 16 годишник следната сезона ќе настапува за Б тимот на Барселона. Игра на позицијата среден играч за врска, а неговиот стил на игра го споредуваат со Пол Погба.
Со неговите 16 години тој е стандарден првотимец во тимот на Барселона до 19 години. Оваа сезона одигра пет натпревари во Лигата на шампионите и постигна еден гол и запиша асистенција.
https://www.youtube.com/watch?v=kp1HPcJ0kQI