Дома Топ вести Барселона почна преговори со Гундоган

Барселона почна преговори со Гундоган

Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган на крајот на сезоната може да ја промени средината и кариерата да ја продолжи во Барселона.

Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент, а неговиот агент имал средба со Барселона.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Каталонците го сакаат Германецот бидејќи во него гледаат идеален наследник на Бускетс, притоа можат да го доведат без обештетување.

Проблем за Барселона може да биде високата плата од 12 милиони евра, па останува да се види дали Гундоган ќе прифати помала плата, но подолг договор.

Гундоган пристигна на „Етихад“ во 2016 година од Борусија Дортмунд, а сега сака нов предизвик во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…