Илкај Гундоган се врати во Манчестер Сити, а изгледа дека тоа значи дозвола за заминување на Матус Нуњеш.
Португалецот минатото лето пристигна токму како замена за Гундоган кој како слободен играч се пресели во Барселона и сега кога се врати е вишок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалецот не се снајде најдобро во системот на Пеп и во главно влегуваше од клупата и играше куп натпревари, па не е неочекувано што е на трансфер листата.
Сити го плати 60 милиони евра, но сега ако го продава тоа ќе мора да биде за многу пониска цена.
Во медиумите се споменуваше дека Диего Симеоне со задоволство би го довел на позајмица до следното лето, меѓутоа Атлетико прво мора да се ослободи од некои играчи како што е Томас Лемар.
Нуњеш играше за Спортинг и во Вулвс пристигна летото 2022 година за 45 милиони евра.