Дома Фудбал Барселона повторно почнува преговори со Дембеле

Барселона повторно почнува преговори со Дембеле

Осман Дембеле сепак може да остане во Барселона и после крајот на сезоната, пренесува каталонски „Спорт“.

Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и преговорите за продолжување на соработката пропаднаа, па се веруваше дека сигурно ќе замине како слободен играч на лето.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Според „Спорт“ ситуацијата е поинаква и Дембеле се уште не ја исклучува можноста да го продолжи договорот со Барселона. Тој преку своите агенти го известил клубот дека би сакал да остане на „Камп Ноу“.

Барселона сака да го задржи 24-годишниот Французин и наскоро ќе испрати нова понуда за продолжување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди: Тежок пораз што ти ја гори душата, но ова не е крај!

Македонскиот капитен Енис Барди по ждрепката за баражот за пласман на Мундијалот кажа дека…