Дома Фудбал Барселона објави кога Кутињо ќе се врати на терените

Барселона објави кога Кутињо ќе се врати на терените

Фудбалерите на Барселона пред неколку дена на свој терен ремизираа со Еибар (1:1), а натпреварот го обележа повредата на Фелипе Кутињо.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бразилскиот играч за врска се повреди во самиот финиш од натпреварот и не беше во состојба да го продолжи натпреварот. Кутињо се пожали на болка во коленото, а после прегледите беше утврдено дека станува збор за скршеница на латералниот менискус.

Веднаш стана јасно дека потешка повреда е во прашање. Денес Барселона потврди дека операцијата на Кутињо поминала во најдобар ред и најави негово враќање за три месеци. Ова значи дека Бразилецот би можеле да го видиме на теренот некаде кон почетокот на април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…